Кинескиот производител на електрични автомобили BYD објави дека го удвоил профитот во првиот квартал, зголемувајќи ја својата предност пред конкурентите на најголемиот пазар во светот преку ценовна војна.
Кинескиот гигант го затворил периодот јануари-март со нето добивка од 9,2 милијарди јуани (1,26 милијарди долари), покажа извештајот на берзата во петокот. Во истиот период минатата година, тоа изнесуваше 4,6 милијарди јуани, според податоците објавени во петокот.
Приходите на BYD изнесувале 170,4 милијарди јуани, што е зголемување од 36,4 проценти во однос на истиот период минатата година.

На почетокот на април компанијата објави во привте три месеца од годинава на клиентите им испорачала милион возила на погон на нови извори на енергија, што е за 60 проценти повеќе отколку во истиот период во 2024 година.
Најголемиот кинески производител на електрични возила го раздвижи пазарот со вклучување на системот за помош при возење „God’s Eye” (Божје око) како стандардна опрема на сите модели и воведување нова технологија за ултра брзо полнење на електрични возила.
Со овие потези, BYD ги охрабри конкурентите како што се „Leapmotor“, „Geely“ и „Toyota“ да го следат неговиот пример, а воедно да им понудат на клиентите попристапни модели со „паметни“ карактеристики.
Со отворањето на нов фронт во долготрајната ценовна војна на најголемиот светски пазар на автомобили, BYD се стреми да ја зголеми својата предност во однос на конкуренцијата. Нејзиниот удел во првиот квартал изнесуваше 13,6 проценти. Во истиот период минатата година, тој изнесуваше 12,1 процент.
Уделот на двете компании што германски „Volkswagen“ ги основаше заедно со кинеските партнери падна од 13,7 на 12,1 проценти во истиот период.
На минатонеделниот саем за автомобили во Шангај, ниту BYD ниту неговите конкуренти не ги нагласија особено можностите на системот за помош на возачот, префрлајќи го фокусот на безбедноста.
Промената во маркетиншката стратегија беше поттикната од кинеската влада, која ја забрани употребата на термините „паметно“ и „автономно“ возење во рекламите, предизвикана од жестоките дискусии за безбедноста по фаталната несреќа во март.
BYD генерира околу 90 проценти од своите приходи на домашниот пазар, а оваа година планира да извезе 800.000 возила.
Слични новости
Раст од 2,6 проценти на македонскиот БДП годинава, а 2,5 во 2026. предвидува Светската банка
Раст од 2,6 проценти на македонската економија годинава, од 2,7 во 2026, а од 2,8 проценти во 2027 година, прогнозира Светска банка во денеска објавениот Редовен економски извештај за Западен Балкан
Раст на берзите во Европа и Азија
Цените на акциите пораснаа на европските берзи во понеделник претпладнето, продолжувајќи го позитивниот тренд од минатата седмица, додека инвеститорите чекаат нови квартални деловни извештаи од европските компании
Доларот стагнира, нафтата поскапе
На валутните пазари, во понеделникот претпладнето стагнира вредноста на американскиот долар во однос на кошничката на валути