Кинескиот конгломерат BYD во понеделникот ја претстави новата платформа за полнење на електричните возила за која тврди дека може да трае колку и полнењето гориво, и првпат најави изградба на мрежа од станици за полнење низ Кина.

Таканаречената „супер е-платформа“ ќе може да ги полни батериите со рекордна брзина од 1.000 киловати (kW), што ќе им овозможи на возилата да патуваат 400 километри по петминутно полнење, изјави основачот на компанијата Ванг Чуанфу на настанот што се емитуваше во живо од седиштето на компанијата во Шенжен.

 

Брзината од 1.000 kW би била двојно поголема од онаа на полначот „Supercharger“ на американска „Tesla“, кој нуди брзини на полнење до 500 kW.

Технологијата за брзо полнење се смета за клучна за усвојувањето на електричните возила, бидејќи ќе помогне да се намалат грижите на нивните возачи.

„За целосно да одговориме на грижите на нашите корисници за полнењето, се стремиме да ја постигнеме целта времето на полнење на електричните возила да биде кратко како она кај возилата на бензин. Ова е првпат во индустријата да се постигне мегаватна единица во моќта на полнењето“, рече Ванг.

Новата технологија за полнење првично ќе биде достапна во две нови електрични возила лимузината со ознака „Han L“ и теренецот „Tang L“, кои чинат околу 34.000 евра, а BYD соопшти дека ќе изгради 4.000 станици за ултра-брзо полнење низ Кина.

Компанијата не прецизираше временска рамка или колку пари ќе инвестира за изградба на такви локации.

Сопствениците на BYD досега главно се потпираа на станици за полнење од други производители на автомобили или јавни станици за полнење за полнење на батериите на нивните возила.

globe

Слични новости

Аеродромот во Франкфурт сè уште го брка нивото пред пандемијата

Аеродромот во Франкфурт сè уште го брка нивото пред пандемијата

Аеродромот во Франкфурт значително ги зголеми приходите минатата 2024 година, со поголем број патници, објави во вторникот операторот „Fraport“, проценувајќи дека трендот на раст ќе продолжи оваа година, но сепак ќе биде значително под нивото пред пандемијата

Доларот тоне, нов рекорд на златото

Доларот тоне, нов рекорд на златото

ндексот на доларот, кој ги мери перформансите на зелената банкнота во однос на шесте главни светски валути, во вторникот претпладнето изнесуваше 103,44 поени и сѐ уште се движи близу петмесечниот минимум