Германската биофармацевтска компанија „BioNTech“ во понеделникот објави дека ја завршила 2024 година со нето загуба и значително помал приход поради послабата побарувачка за нејзината вакцина против против ковид-19.

Вкупниот приход лани изнесуваше 2,75 милијарди евра и беше за 28 отсто помал од 2023 година.

„BioNTech“ годината ја заврши со нето загуба од 665,3 милиони евра. Во 2023 година работеше со нето добивка од 930,3 милиони евра.

Остриот пад на приходите првенствено ја одразува послабата побарувачка на вакцини против коронавирусната болест ковид-19 и отпишувањето на залихите кај американскиот партнер „Pfizer“, се вели во соопштението.

Трошоците за истражување и развој, пак, скокнале за 26,4 отсто, на 2,25 милијарди евра, поради клиничките испитувања на новите онколошки лекови.

Годинава менаџментот очекува приход во опсег од 1,7 до 2,2 милијарди евра, со фокус на четвртиот квартал, истакнувајќи дека проценката се базира на претпоставката дека вакцинацијата, цените на вакцините и пазарниот удел ќе останат на минатогодишното ниво.

globe

Слични новости

Трамп ги удвои царините за канадските метали

Трамп ги удвои царините за канадските метали

Американскиот претседател Доналд Трамп во вторникот ги удвои планираните тарифи за сите производи од челик и алуминиум што доаѓаат во САД од Канада на 50 отсто, како одговор на потегот на провинцијата Онтарио

Нафтата поскапе кон 70 долари

Нафтата поскапе кон 70 долари

Цените на нафтата се искачија во вторник на меѓународните пазари до 70 долари, бидејќи послабиот американски долар ја поддржа побарувачката, засенувајќи ги стравувањата дека бранот царини може да предизвика рецесија во САД