Германската биотехнолошка компанија „BioNTech“ и нејзиниот американски партнер „Pfizer“ незаконски ја користеле заштитената интелектуална сопственост на „Moderna“ во развојот на вакцината против коронавирусната болест ковид-19 и мора да ѝ платат компензација, одлучи германскиот суд.

„BioNTech“ и „Pfizer“ ги прекршиле патентните права на „Moderna“ при развивањето на вакцина против ковид-19, пресуди во средата судот во Дизелдорф и мора да ѝ исплатат соодветна компензација.

Пресудата вклучува и барање „BioNTech“ и „Pfizer“ да достават информации за профитот од користењето на патентот.

 

„Moderna“, со седиште во САД, поднесе барања за информации и отштета за прекршување на нејзините патентни права при развојот на вакцината против ковид-19.

Регионалниот суд во Дизелдорф пресуди во полза на „Modena“, потврди портпаролката.

Обвинетите компании тврдеа дека „Moderna“ ја одобрила употребата на патентот во соопштение за печатот во октомври 2020 година. Дозволата, тврдат тие, важела до 5 мај 2023 година, кога Светската здравствена организација (СЗО – WHO) објавила дека коронавирусот повеќе не е закана за јавното здравје.

Судот, сепак, утврдил дека „Moderna“ ја повлекла лиценцата во соопштението за печатот издадено на 7 март 2022 година. Затоа, според судот, германската „BioNTech“ и американската „Pfizer“ ќе треба да плаќаат за користење на патентот 14 месеци по отповикувањето на дозволата, а не само од мај 2023 година.

Германскиот суд допрва треба да ја одреди висината на обесштетувањето за „Moderna“. „Pfizer“ и „BioNTech“ имаат право на жалба.

globe

Слични новости

Волстрит падна втор ден по ред

Волстрит падна втор ден по ред

Цените на акциите паднаа на Волстрит во вторник втор ден по ред бидејќи инвеститорите стравуваа дека царинската војна меѓу САД и нивните најголеми трговски партнери ќе ѝ наштети на економијата

Трамп ги удвои царините за канадските метали

Трамп ги удвои царините за канадските метали

Американскиот претседател Доналд Трамп во вторникот ги удвои планираните тарифи за сите производи од челик и алуминиум што доаѓаат во САД од Канада на 50 отсто, како одговор на потегот на провинцијата Онтарио