Германската биотехнолошка компанија „BioNTech“ и нејзиниот американски партнер „Pfizer“ незаконски ја користеле заштитената интелектуална сопственост на „Moderna“ во развојот на вакцината против коронавирусната болест ковид-19 и мора да ѝ платат компензација, одлучи германскиот суд.
„BioNTech“ и „Pfizer“ ги прекршиле патентните права на „Moderna“ при развивањето на вакцина против ковид-19, пресуди во средата судот во Дизелдорф и мора да ѝ исплатат соодветна компензација.
Пресудата вклучува и барање „BioNTech“ и „Pfizer“ да достават информации за профитот од користењето на патентот.

„Moderna“, со седиште во САД, поднесе барања за информации и отштета за прекршување на нејзините патентни права при развојот на вакцината против ковид-19.
Регионалниот суд во Дизелдорф пресуди во полза на „Modena“, потврди портпаролката.
Обвинетите компании тврдеа дека „Moderna“ ја одобрила употребата на патентот во соопштение за печатот во октомври 2020 година. Дозволата, тврдат тие, важела до 5 мај 2023 година, кога Светската здравствена организација (СЗО – WHO) објавила дека коронавирусот повеќе не е закана за јавното здравје.
Судот, сепак, утврдил дека „Moderna“ ја повлекла лиценцата во соопштението за печатот издадено на 7 март 2022 година. Затоа, според судот, германската „BioNTech“ и американската „Pfizer“ ќе треба да плаќаат за користење на патентот 14 месеци по отповикувањето на дозволата, а не само од мај 2023 година.
Германскиот суд допрва треба да ја одреди висината на обесштетувањето за „Moderna“. „Pfizer“ и „BioNTech“ имаат право на жалба.
Слични новости
Волстрит падна поради пресвртите на Трамп, европските берзи растат
На Волстрит цените на акциите драстично паднаа минатата седмица поради неизвесноста околу трговската политика на Вашингтон, додека европските берзи пораснаа откако Европската централна банка дополнително ги намали каматните стапки
Швеѓаните почнуваат бојкот на американските производи како одговор на промената на политиката на САД
Серијата иницијативи за бојкот на американските производи се појави како одговор на промената на американската политика, вклучувајќи да одлуката на Вашингтон да ја прекине поддршката на Украина и да воведе царински тарифи на стоките од Европа
Повеќе од 150 000 работни места отворени во САД, иако расте невработеноста
Во Америка во февруари се отворени 150 000 работни места, но и покрај тоа, невработеноста порасна на 4,1 насто поради заканите на претседателот Трамп со трговски војни и најавите дека од САД ќе бидат вратени милиони имигранти.