Шпанскиот тенисер Алехандро Давидович Фокина и српскиот претставник Миомир Кецмановиќ се финалисти на АТП 250 турнирот на тврди терени во американски Делреј Бич.

Кецмановиќ го победи Американецот Алекс Михелсен со 7-6 (3), 6-3 за своето второ финале на овој турнир, а Давидович Фокина во полуфиналето го победи Италијанецот Матео Арналди со 6-4, 6-4.

Шпанецот в недела по вторпат ќе се појави во финалето на АТП турнирите. Тој беше финалист во Монте Карло во 2022 година, а сѐ уште ја чека првата титула.

Кецмановиќ стигна до своето петто финале, а прво по Есторил во 2023 година. 25-годишниот српски тенисер има една титула, која ја освои во 2020 година во австриски Кицбил.

 

globe

Слични новости

Минесота на гости убедливо го победи Денвер 115:95

Минесота на гости убедливо го победи Денвер 115:95

Минесота поведе од самиот почеток и имаше над 20 поени разлика 6 минути пред крајот на мечот, кога тренерот на домашната екипа Мајкл Малоун ја повлече од игра стартната постава и практично го призна поразот.

Јувентус принуден да го продаде Влаховиќ

Јувентус принуден да го продаде Влаховиќ

Српскиот напаѓач Душан Влаховиќ (25) ова лето најверојатно ќе го напушти Јувентус и би можел да ја продолжи кариерата во Премиер лигата, објавија британските медиуми