„Реформите, вклучувајќи го и усогласувањето на нашата регулатива и практики со европските, се значаен фактор за привлекување странски директни инвестиции. А странските директни инвестиции во малите економии како нашата вообичаено се еден од двигателите на економскиот раст“, истакна гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска во видеоинтервју за „Инвисо“ (организаторите на Форумот на Централна и Источна Европа, порано познати како „Еуромани“).
Таа истакна дека најголемиот дел од странските директни инвестиции доаѓаат од ЕУ − околу две третини, вклучително и во банкарскиот систем. На овој начин уште повеќе се зајакнува трговската и финансиската интеграција на нашата економија со европската. Речиси 80% од нашиот извоз оди во земјите на ЕУ.
Добро е што и покрај кризите и пречките во процесот на пристапување кон ЕУ, странските директни инвестиции во изминатиов период се солидни и забрзуваат надминувајќи го историскиот просек. Секако, имајќи ги предвид позитивните искуства на други земји од пристапувањето кон ЕУ, натамошното спроведување на реформите коишто ќе нѐ доближат до европската економија е приоритет којшто може позитивно да делува и на странските директни инвестиции. Според последниот извештај на Европската комисија, нашата земја се оценува како умерено подготвена, оцена којашто е една од повисоките во регионот на Западен Балкан.
Гувернерката Ангеловска-Бежоска посочи дека изминативе неколку години Народната банка засилено работеше на усогласување на домашната правна рамка во банкарската и платежната сфера со правото на Европската Унија, со што создаде основа за започнување на процесот на интеграција на земјата во Единствената област за плаќање во евра (СЕПА), пред да пристапиме во ЕУ. „Според анализа на Светската банка, за прекуграничното тргување со ЕУ, сега граѓаните во регионот на Западен Балкан плаќаат шестпати повеќе, додека фирмите десетпати повеќе, во однос на она што би го плаќале кога би биле дел од СЕПА. Ова ќе ја зголеми конкурентноста и ќе ги подобри врските со ЕУ, што е значајно за потенцијалот на економскиот раст и доходовната конвергенција кон ЕУ“, истакна гувернерката.
Слични новости
Во петок јавна расправа за законски измени за безбедноста во сообраќајот во Собранието
Членовите на собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците со 11 гласа „за“ денеска изгласаа одлука во петок во Собранието да се одржи јавна расправа на тема „Анализа и утврдување на потребата за изменување на законската регулатива со цел зајакнување на безбедноста во сообраќајот
Обвинителството тврди дека Палевски го вози „реното“ на денот на грабнувањето на девојчето, одбраната, пак, дека на видеата се гледаат силуети и бара ДНК анализа
Обвинителство на денешното рочиште за убиството на малолетната Вања Ѓорчевска и пензинерот Панче Жежовски презентираше видео записи од камерите на системот за надзор на сообраќакот „Сејф сити“ на кои тврди дека се гледа дека првообвинетиот Љупчо Палевски Палчо го вози аавтомобилот „рено кангу“ на денот на грабнувањето на осмоодделенката, а одбраната на Палевски вели дека се гледаат силуети и бара ДНК анализа
Цената на нафтата се одржува под 76 долари
Цените на нафтата се стабилизираа во понеделникот на меѓународните пазари под 76 долари, откако САД и Мексико најавија разговори непосредно пред планираното воведување царини, намалувајќи ги стравувањата од прекини во снабдувањето