Генералниот секретар на НАТО Марк Руте, повика земјите членки да ги подготват не само своите армии, туку и граѓаните, институциите, компаниите и службите за можноста од воен конфликт.

Тој предупреди дека руската воена машинерија продолжува да се развива и дека безбедносната закана за Европа нема да исчезне со завршувањето на војната во Украина.

Според него, граѓаните треба да знаат како да постапуваат во кризна ситуација, како да им помогнат на институциите и како да не го попречуваат функционирањето на воените и спасувачките служби.

Како пример ги посочи Норвешка, Шведска, Данска и Финска, кои веќе работат на подготовка на населението за можни кризни ситуации. Во овие земји граѓаните добиваат насоки за постапување во случај на војна, а во подготовките се вклучени и полицијата, здравствените служби, пожарникарите и другите институции.

Тој повика и на поголеми инвестиции во воената индустрија, посочувајќи дека побарувачката за оружје и муниција сè уште е поголема од производствените капацитети.

НАТО очекува следната година да може да произведува околу четири милиони артилериски гранати, речиси двојно повеќе отколку во 2025 година.

Слични новости

Нападите врз бродови во Ормускиот Теснец на највисоко ниво од почетокот на војната меѓу Иран и САД

Нападите врз бродови во Ормускиот Теснец на највисоко ниво од почетокот на војната меѓу Иран и САД

Нападите врз комерцијалните бродови во и околу Ормускиот Теснец достигнаа највисоко ниво од почетокот на војната меѓу Иран и САД, покажуваат податоците на поморските служби.

Демократите ги најавија првите потези во Конгресот: Окончување на војната со Иран и царините на Трамп

Демократите ги најавија првите потези во Конгресот: Окончување на војната со Иран и царините на Трамп

Лидерот на демократите во Конгресот Хаким Џефрис изјави дека окончувањето на „безобѕирната и скапо избрана војна во Иран“ ќе биде приоритет за новиот американски Конгрес во кој демократите од јануари ќе имаат мнозинство.