Граѓански протест со блокада на улицата пред Владата ќе се одржи денеска, 20 ноември, со почеток во 13 часот. Повод за собирот е алармантниот број случаи на фемицид во земјава, откако за помалку од три месеци беа убиени осум жени.
Протестот го организираат неформалната иницијатива „Ниту една повеќе“ и Платформата за родова еднаквост. Тие повикуваат на масовно граѓанско присуство и јасна порака дека насилството врз жените, институционалните пропусти и неказнивоста повеќе не смеат да се толерираат.
Во рамките на протестот ќе бидат прочитани барањата за итно подобрување на работата на полицијата, центрите за социјална работа и правосудните органи, од кои се очекува навремено да реагираат и да обезбедат заштита за жените кои пријавуваат насилство.
Слични новости
Истрагата за нападот врз Сара може да се прошири и на татко на Кристијан – OJO Охрид прибира докази
Основното јавно обвинителство Охрид прибира докази за евентуално проширување на истрагата и поднесување кривична пријава и против таткото на Кристијан Корабоски, под сомнение за помагање при извршување кривично дело.
Изгаснат е пожарот во градската болница „8-ми Септември“
Пожарната служба извести дека станувало збор за пожар во внатрешна просторија во Одделението за ортопедија, кој е локализиран и нема опасност од негово понатамошно ширење.
Објавена нова граѓанска обврзница од 100 милиони денари
Министерството за финансии објави Проспект за издавање нова емисија Граѓански обврзници. Станува збор за четврта емисија Граѓански обврзници коишто ќе бидат со рок на доспевање 2 години и каматна стапка од 4,6% годишно.


