Годишната стапка на инфлацијата во Франција забрза во октомври на 3,4 од септемвриските 3,1 насто, што е највисока стапка на инфлација од јануари 2024, покажува денеска објавениот извештај на Националниот институт за статистика на Франција.
Растот на цената на енергијата забрза четврти месец по ред, првенствено поради гасот и нафтените деривати, од септемвриските 21,3 , на 24,1 меѓугодишно.
Забрза инфлацијата и во секторот на услугите од 2,4 на 2,6 насто под влијание на повисоките цени на смештајот и превозот.
Според индексот на потрошувачките цени во земјите на ЕУ кој овозможува споредба на инфлациите, годишната инфлација во Франција изнесува 3,7 насто.
Слични новости
Компанијата за вештачка интелигенција „Антропик“ испиша историја на Волстрит
Американската компанија „Антропик“, која стои зад четботот „Клод“, постави нов светски рекорд со најголемата почетна јавна понуда на акции во историјата. Компанијата привлече 81,3 милијарди долари од инвеститорите
Цената на нафтата Брент поевтини на под 91 долар за барел што е најниска цена на нафтата од Август
Американската сирова нафта ВТИ поевтини уште подрастично за 4 проценти и сега се продава за помалку од 83 долари за барел, што е нејзина најнинска цена од 26 август, пренесе Трејдинг економикс.
Кинескиот суфицит надмина билион долари, извозот во Африка порасна за 24 насто
Кинескиот извоз на стоки за Африка порасна за 24 насто меѓугодишно на 224 милијарди долари во првите десет месеци на 2026 што дополнително ја засили втората светска економија.


