Цената на референтната нафта Брент денеска во 09 и 30 падна на светските берзи за 1,72 насто на 96 долари, додека американската лесна нафта ВТИ падна за 1,21 насто на 89,7 долари за барел.

Европските фјучерси за гас на отварањето на амстердамската берза се продаваа по цена од 920 евра за 1.000 кубни метри.

Европските акции денеска се во благ плус, при што во растот предводат рударскиот и банкарскиот сектор, а акциите на технолошките компании се и натаму под притисок.

Слични новости

Европа со рекордна брзина ги троши залихите на гас

Европа со рекордна брзина ги троши залихите на гас

Европските складишта за гас влегоа во новата сезона на потрошувачка со историски ниска пополнетост од 74,9 насто, додека германските резерви изнесуваа само 61,6 насто, што претставува историски минимум.