Португалската фудбалска федерација планираше да организира натпревар на кој легендата на португалскиот фудбал по 23 години минати во репрезентацијата и официјално ќе се прости од националниот дрес, но тоа нема да се случи, затоа што Роналдо не сака проштален натпревар.

Досегашниот капитен на португалската репрезентација вчера обелодени дека се повлекува од репрезентацијата и не сакаше да одговори на телефонските повици на селекторот Жорж Жезуз за организирање на проштален натпревар.

Како што пренесуваат португалските медиуми Роналдо не сака да има никаков контакт со Жезуз со кого влезе во конфликт откако селекторот го остави на клупата за време на квалификациските натпревари во Лигата на нациите и нема да се врати во дресот на репрезентацијата ниту за проштален натпревар.

Слични новости

Рубен Аморим со остри критики до играчите на Милан по поразот на сан Сиро од Ференцварош

Рубен Аморим со остри критики до играчите на Милан по поразот на сан Сиро од Ференцварош

Тренерот на фудбалерите на Милам Рубен Аморим упати остри критики до своите фудбалери по синоќешниот пораз од 0:2 на сан Сиро од Ференцварош во Лига Европа. Тој истакна и дека неговиот тим во овој момент не е ментално подготвен да се натпреварува на два фронта.