Во четвртокот со Волстрит завладеа жестока распродажба, предводена од акциите на компаниите кои учествуваат во изградба на центри на податоци за вештачката интелигенција.

Индексот СП 500 падна за 4,4 насто, забалежувајќи најголем пад од април 2025 кога Трамп го потресе светот со воведување огромни царини. Технолошката берза НАСДАК падна за големи 5,5 насто.

НАСДАК во кој доминираат акциите на технолошките компании-вклучувајќи ги и оние поврзани со вештачката интелигенција сега е 11,9 насто под историскиот максимум достигнат минатиот месец.

Светските берзи на акции се најдоа под голем притисок поради континуираниот пад на вредноста на компаниите кои профитираа од процутот на вештачката интелигенција. Аналитичарите истакнуваат дека цените во секторот на вештачката интелигенција премногу пораснаа и дека станува збор за „надуван балон“.

Дополнителен предизвик претставуваа и американските избори на половина од мандатот. 

Победата на демократите во САД ја отворија можноста властите да наложат запирање на изградбата на нови центри за податоци. Секое успорување на изградбата на центри за податоци за вештачката интелигенција ќе значи намалување на побарувачката за специјализирани чипови

Компанијата Енвидија која брзо стана симбол на процутот на вештачката интелигенција падна за 9,3 насто и беше најголем товар за СП 500.

Слични новости

Европа со рекордна брзина ги троши залихите на гас

Европа со рекордна брзина ги троши залихите на гас

Европските складишта за гас влегоа во новата сезона на потрошувачка со историски ниска пополнетост од 74,9 насто, додека германските резерви изнесуваа само 61,6 насто, што претставува историски минимум.

Трамп: Изборите во Америка се толку наместени што не можете ниту да си замислите

Трамп: Изборите во Америка се толку наместени што не можете ниту да си замислите

Новите критики на Трамп на сметка на американскиот изборен систем уследуваат по изборите за Конгресот одржани на 3-ти ноември на кои Републиканската партија го загуби мнозинството и во Конгресот и во Сенатот.