По две години масовни студентски и граѓански протести во Србија вчера беа одржани парламентарни избори на кои убедливо победи „Студентската листа-Студентите победуваат“. Александар Вучиќ го призна поразот, а ширум земјата граѓаните излегоа на улиците да ја прославуваат победата на Студентската листа.

Според сеуште неофицијалните резултати „Студентската листа“ освои 140 мандати во парламентот со 250 седишта и има комотно мнозинство за формирање на влада. Напредњаците на Вучиќ ќе имаат 103 пратеници, а во парламентот ќе бидат симболично застапени и партии на малцинствата: Унгарците, Бошњаците и Албанците.

Илјадници луѓе останаа на централните улици на Белград доца по полноќ, прославувајќи ја победата на студентите и падот на режимот на Александар Вучиќ по 14 години владеење.

Полицијата која беше распоредена во текот на денот по објавувањето на резултатите се повлече, а славјето помина без ниту еден инцидент.

Студентите го откорнаа и „Чациленд“ просторот со шаторите на приврзаниците на Вучиќ, кој беше симбол на политичка манипулација наспроти автентичната волја на студентите и граѓаните.

Изборниот ден мина во безмалку референдумска атмосфера со огромна излезност на граѓаните на гласачките места уште од раните утрински часови, а таков амбиент имаше и кај српската дијаспора, особено кај младите, кои трпеливо чекаа со часови да гласаат во српските дипломатски претставништва во странство.  

 

Слични новости

Јотова-Валчев и Ѓуров-Кандев во вториот круг на претседателските избори во Бугарија

Јотова-Валчев и Ѓуров-Кандев во вториот круг на претседателските избори во Бугарија

Фаворитката за претседател на Бугарија Илијана Јотова и кандидат за потпретседател Кирил Валчев освоија 34,69 насто од гласовите на вчерашниот прв круг од претседателските избори во Бугарија, соопшти утрово државната изборна комисија на Бугарија по преброени 99 насто од гласовите.

Александар Вучиќ призна пораз

Александар Вучиќ призна пораз

Набргу по затварањето на гласачките места и објавувањето на првите неофицијални резултати носителот на листата „Обединета Србија“ Александар Вучиќ...