Уште еден пораз во низа на Манчестер јунајтед. Денеска „Црвените ѓаволи“ на својот Олд Трафорд загубија со 0:3 од Борнмут. Борнмут поведе во 38-та минута од првото полувреме, а на 0:2 зголеми Таверниер во 43-тата минута од натпреварот.

Конечниот резултат на мечот го постави Еванилсон во 71-та минута од натпреварот.

Англиските медиуми пишуваат дека ова беше последниот меч на Мајкл Карик на клупата на Манчестер јунајтед кој во средата загуби и од Комо со понижувачки 4:0.

Во Премиер лигата Манчестер јунајтед е на 16-тото место со само 7 бодови, што е најслаб старт на клубот во последните 40 години.

Слични новости

Ливерпул го победи Брајтон и сега е во топ 4

Ливерпул го победи Брајтон и сега е во топ 4

Во дуелот меѓу Ливерпул и Брајтон домаќините на Енфилд одиграа одличен натпревар што го добија со 2:0. Натпреварот беше решен уште во првото полувреме откако Ливерпул поведе во 17-тата минута со автогол на Паскал Грос, а конечните 2:0 ги постави Александар Исак во 21-та минута.

Трипл-дабл на Јокиќ во победата на Денвер против Њу Орлеанс по продолженија

Трипл-дабл на Јокиќ во победата на Денвер против Њу Орлеанс по продолженија

Кошаркарите на Денвер Нагетс утринава на свој терен по продолженија ги победија Њу Орлеанс Пеликанс со 141:135. Никола Јокиќ во вториот натпревар од сезоната го забележа првиот трипл-дабл со 35 поени, 15 скокови и 10 асистенции.