Стриминг гигантот Нетфликс објави дека се договорил со ирскиот легендарен бенд У2 да настапува на полувремето на НФЛ натпреварот на денот на благодарноста во САД. Натпреварот ќе се игра на 25 ноември на стадион во Лос Анџелес.
У2 последен пат настапија на полувреме на натпревар од НФЛ во финалето -Суперболот во 2002-ра, настан кој сеуште се памети, а беше посветен на жртвите од терористичкиот напад на 9 септември во САД.
Извршниот директор на Нетфликс Тед Сарандос изјави дека има причина зошто У2 ги полнат стадионите со децении. Тие не настапуваат, туку испорачуваат иконски моменти кои публиката засекогаш ги памети, рече Сарандос.
Слични новости
Почина познатиот американски актер Том Скерит
Том Скерит, актерот кој се прослави со улогите во Меш, Елиен и Топ Ган, почина во Сиетл од старост, објавија американските медиуми.
ВИ откри критичен пропуст: Паднаа eвропски владини сајтови
Владини веб-страници во Холандија, Франција, Данска и Финска беа привремено исклучени по откривањето критични безбедносни пропусти во програмскиот јазик PHP, кој се користи за функционирање на голем дел од интернетот.
Аманпур го напушта „Си-Ен-Ен“ по 43 години кариера во телевизијата
Kристијанa Аманпур, една од најпознатите новинарки на „Си-Ен-Ен“, во јуни следната година ќе ја заврши својата 43-годишна кариера во телевизијата.


