Судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани продолжува со изведување докази предложени од одбраната.

На претходното рочиште, Обвинителството вкрстено го испрашуваше вештакот Петре Русески, кој остана на ставот дека објектот не претрпел реконструкција или пренамена, туку само ентериерно уредување.

Обвинителството ја оспори стручноста на вештакот и неговото познавање на законот за градење, додека одбраната побара прашањата да се фокусира на неговиот наод.

Одбраната најави можност и за супервештачење доколку се утврдат несовпаѓања меѓу наодите на двете страни.

 

Слични новости

СДСМ: Народот гледа што договори Муцунски во Софија

СДСМ: Народот гледа што договори Муцунски во Софија

СДСМ побара итна оставка од Тошковски, наведувајќи дека тој треба да понесе одговорност поради низата скандали. Од партијата бараат да се утврди кој сè е вмешан во случајот и сите одговорни да сносат последици.