Бугарската државјанка инволвирана во сообраќајка со смртен исход, со одземени пасоши, слободно ја премина границата на Македонија со Бугарија и побегна во соседната земја што ја прави Македонија ‘хотел промаја’, соопшти платформата.
Владата на Мицкоски и на ВМРО-ДПМНЕ е должна веднаш да одговори дали на средбата Муцунски-Чамова во Софија е договорено бегството на Ива Михајлова, кое во Македонија ќе биде иницијална каписла за предвремени парламентарни избори, после кои техничката Влада задолжена за нивното организирање ќе влезе во процес на уставни измени?“, се наведува во реакцијата на Платформата.
Оттаму побараа оставка од министрите за внатрешни, за надворешни работи и за правда.
Платформата „Разговори за иднината во 12:05“ ја повикува Европската комисија да побара од официјална Софија да престане со провокациите од највисоко политичко-државно ниво и да побара Ива Михајлова без одлагање да биде предадена на македонските правосудни органи.
Слични новости
И ЛДП побара одговорност од владата за бегството на Ива Михајлова
Од партијата прашуваат каде е премиерот Христијан Мицкоски и зошто нема реакција на, како што наведуваат, сериозните слабости во функционирањето на институциите.
Продолжува судењето за „Пулс“ – одбраната изведува докази
На претходното рочиште, Обвинителството вкрстено го испрашуваше вештакот Петре Русески, кој остана на ставот дека објектот не претрпел реконструкција или пренамена, туку само ентериерно уредување.
Груби излезе од куќен притвор – пречекан со факели во Чаир
Артан Груби, поранешен прв вицепремиер, синоќа беше пречекан со факели и димни бомби во скопски Чаир, откако Кривичниот суд му ја укина мерката куќен притвор.


