Американскиот актер Ар Џеј Мити познат по улогата во серијата „Брејкинг бед“ е пронајден мртов во Тексас, соопшти портпаролот на глумецот.

Како што пренесува „Варајети“, не е позната точната причина на смртта на Мити, а сомневањата се дека извршил самоубиство. Како и ликот што го играше во серијата и Мити боледуваше од церебрална парализа, а неговата улога придонесе за подигнување на свеста за таа болест во јавноста во САД.

Мити беше голем борец за правата на лицата со инвалидитет и беше амбасадор на организацијата „United Cerebral Palsy i Shriners Children’s”, а беше и претседател на сопствената добротворна организација „Фондација Мити“.

Слични новости