Филмот на студиото Дизни „Avengers : Endgame“ кој втора недела се реприкажува на Бокс офисот во овие две недели го претекна Аватар на Џејмс Камерон на глобалната листа на Бокс офисот на сите времиња.

„Avengers : Endgame“минатата недела беше и прв на американскиот Бокс офис, а овој викенд заработи дополнителни 19 милиони долари и стигна до вкупна заработка од 2,925 милијарди долари за да го претекне Аватар кој има заработено 2.923 милијарди долари.

Реемтивањето на Авенџерс се случува два месеца пред да се појави новиот блокбастер на Дизни „Avengers : Doomsday“ кој ќе ја има премиерата на 11 декември.

 

Слични новости