Сатиричната црна комедија „Копачот“ на славниот режисер Алехандро Инариту со мега ѕвездата Том Круз во главната улога доживеа голем неуспех на кино благајните на премиерниот викенд во САД. Филмот кој се прикажува во 3.300 кина во САД заработи само 8 милиони долари, далеку под сите очекувања на студиото Ворнер Брос.

Неуспехот е катастрофален ако се земе во предвид дека филмот има официјален продукциски буџет од 125 милиони долари, а според непотврдени извори дури и 180 милиони долари, но Ворнер ги негираше овие бројки.

Ова е еден од најслабите филмови на Бокс офисот во историјата на кариерата на Том Круз. Мега ѕвездата игра остарен нафтен магнат, критичарите дадоа слаби оценки за филмот, кој не помина подобро и кај публиката која му даде оценка Ц, а кај Ротен тоејтоус има само 51 проценти.

Слични новости