Температурите на воздухот од јуни до август летово беа за 2,5 степени над просекот од претходната деценија, покажуваат податоците на службата на ЕУ за следење на климатските промени – Коперникус.

Повеќе од 50 проценти од територијата на европскиот континент била изложена на силен топлотен бран што надминал 38 степени, објави Гардијан.

Извештајот на Коперникус  покажа дека најмалку 60 проценти од Западна Европа летово цели 17 дена имала температури над 30 степени.

Европа уште од крајот на мај имаше невообичаено ран почеток на летното време, а високи температури беа забележани дури и во текот на септември.

 

Слични новости