Обвинитеството отвори нова истрага против која сопственикот на дискотеката Пулс во Кочани во која изгореа 64 млади луѓе, Дејан Јованов Деко, со која тој и натаму ќе остане во притвор.

Новата истрага е за давање поткуп на вработен во министерството за економија а да добие лиценца, иако знаел дека објектот не ги исполнува стандардите.

Неговата адвокатка Ивана Коцевска рече дека овие наводи веќе се дел од расправата во предметот за трагедијата во дискотеката Пулс, и поради тоа смета дека  обвинителството под притисок на јавноста отвара нова истрага која рече дека е конструкција и измислица.

Дејан Јованов е веќе една година во притвор по трагедијата во Кочани.

Слични новости