Рокот за определување на притвор за првообвинетиот за трагедијата во кочански Пулс Дејан ЈОванов истекува во петок и после 3-ти октомври нема законска можност за ново продолжување на притворот по што обвинителството смее да побара поблаги мерки за обезбедување.
Од обвинителството велат дека јавноста ќе биде известена кога ќе биде донесена одлука за тоа какви мерки на обезбедување ќе се побараат.
Одбраната на обвинетиот понуди и гаранција во имот како дополнителна потврда дека тој нема да бега. Но, додека рокот истекува, во моментот не може да има никаква судска одлука бидејќи предметот е во Обвинителството.
На брифингот претседателката на скопскиот Кривичен суд Даниела Димовска соопшти дека досега на судскиот процес за кочански Пулс имало 49 рочишта, а ниту едно не било одложено како што често се случува во големите судски предмети или кога обвинети се функционери за злоупотреби.
Завршено е изведувањето на докази на обвинителството, а од утре ќе почнат доказите на одбраната на 34 обвинети.
Слични новости
И ЛДП побара одговорност од владата за бегството на Ива Михајлова
Од партијата прашуваат каде е премиерот Христијан Мицкоски и зошто нема реакција на, како што наведуваат, сериозните слабости во функционирањето на институциите.
Продолжува судењето за „Пулс“ – одбраната изведува докази
На претходното рочиште, Обвинителството вкрстено го испрашуваше вештакот Петре Русески, кој остана на ставот дека објектот не претрпел реконструкција или пренамена, туку само ентериерно уредување.
Груби излезе од куќен притвор – пречекан со факели во Чаир
Артан Груби, поранешен прв вицепремиер, синоќа беше пречекан со факели и димни бомби во скопски Чаир, откако Кривичниот суд му ја укина мерката куќен притвор.


