Студиото Сони денеска ќе ја има светската премиера на хоророт „Резидент евил“ и се надева на заработка од околу 40 милиони долари викендов и прво место на американскиот Бокс офис.

Сценариото и режијата на филмот чиј буџет беше 75 милиони долари се на Зак Крегер, а филмот од денеска ќе се прикажува во 3.500 кино сали низ САД.

Главните улоги во филмот ги толкуваат Остин Абрамс, Зак Кери, Кали Рајс и Пол Волтер Хаузер.

„Резидент евил“ е филмска франшиза настаната од популарната видео игра од 1996-та година.

 

Слични новости

Кошаркарот Џејлен Брансон ќе игра во епизода на култната серија „Закон и ред“

Кошаркарот Џејлен Брансон ќе игра во епизода на култната серија „Закон и ред“

Официјално е потврдено дека најдобриот кошаркар на Њујорк Никс Џејлен Брансон ќе биде ѕвезда која ќе гостува во епизода во новата сезона на култната серија „Закон и ред“ во која главаната улога ја толкува Мариска Харгитај. Мариска е страстен фан на Њујорк Никс и пријател со Брансон.

Нетфликс ги откупи правата на новата серија „Сиот тој гнев“ на Лиз Фелдман и Кели Хачинсон

Нетфликс ги откупи правата на новата серија „Сиот тој гнев“ на Лиз Фелдман и Кели Хачинсон

Стримерот Нетфликс ги откупи правата на серијата „Сиот тој гнев“ од авторите Лиз Фелдман и Кели Хачинсон кои соработуваа и на сериите „Мртов за мене“ и „Мечкина услуга“. Нетфликс исто така, го продолжи договорот со Фелдман која изминатите шест години работи со Нетфликс.