300 милиони денари, односно скоро 5 милиони евра, потрошила Државната лотарија за спонзорирање на прославата на 35-годишнината од независноста на Македонија. Приватни фирми дале уште 40 милиони денари за спонзорирање на настаните.

Владата во април годинава донела одлука да ја задолжи Државната лотарија, нераспределената добивка од 2024 година од 300 милиони денари, да ја намени за спонзорирање на прославата. Владината портпаролка инсистира дека тоа не се буџетски пари, иако Лотарија е во целосна државна сопственост. 

Директорот на Лотарија вели дека откако биле задолжени од Владата да ја спонзорираат прославата ја почнале постапката, објавиле јавен повик за избор на понудувач на кој се јавиле само Авалон, преку нивната фирма Стардаст, со која склучиле договор за спонзорство од 300 милиони денари. Авалон има рок до 30 септември да даде отчет за потрошените пари.

 

Слични новости

Во понеделник нова вонредна дератизација во Центар

Во понеделник нова вонредна дератизација во Центар

Општина Центар во понеделник повторно ќе спроведе вонредна дератизација на повеќе локации во општината, откако зголемено присуство на глодари било забележано и покрај тоа што претходната акција била спроведена пред само еден месец.