Европа оваа зима би можела да се соочи со нов силен раст на цените на природниот гас кој може да достигне и повеќе од 100 евра за мегават-час, бидејќи складиштата се значајно попразни од вообичаеното за овој период од годината.
Конкуренцијата со Азија за течниот природен гас (ЛНГ) би можела дополнително да ги качи цените, предупредуваат експертите.
Голдман сакс најавува цени над 100 евра за мегават-час, доколку извозот на течниот гас од Блискиот исток се нормализира дури во 2027 година пренесува Си Ен Би Си.
Аналитичарите на Морнингстар проценуваат дека комбинацијата на ладна зима и ограничена понуда би можеле да ги качат цените и до 120 евра за мегават-час.
Европските складишта во моментов се пополнети со 63 насто, што е за околу 18 насто под петгодишниот просек и меѓу најниските нивоа забележани за овој период од годината.
Слични новости
Нафтата Брент близу 104 долари за барел, европскиот гас на околу 77 евра за мегават-час
Цената на нафтата Брент на светските берзи денеска достигнува околу 104 долари за барел, додека американската лесна нафта ВТИ се продава по цена од 101 долар за барел.
Дизелот во Франција никогаш поскап, литарот достигна до 2,7 евра за литар
Просечната цена на дизелот во Франција денеска достигна рекордни 2,4 евра за литар, надминувајќи го претходниот рекорд од 2,38 ерва за литар забележан во април годинава, покажуваат податоците на француската влада.
ЕУ разгледува оданочување на екстрапрофитите поради скокот на цените на гасот и нафтата
Министрите за финансии на ЕУ ја разгледуваат можноста за воведување данок на екстрапрофит на енергетските компании во целата ЕУ поради скокот на цените на гасот и нафтата.


