Апелација ја потврди ослободителната пресуда за поранешниот премиер Никола Груевски во случајот „Талир 2“. Со одлуката ВМРО-ДПМНЕ го задржува партиското седиште проценето на 14 милиони евра, како и друг имот вреден околу два милиони евра.

Апелацискиот суд ја одби жалбата на обвинителството оценувајќи дека не било докажано дека ГП „Бетон“ при склучувањето на договорите со партијата вршел јавни услуги и дека постоела законска забрана за донирање.

Пред три години Груевски првостепено беше осуден на шест години затвор, а беше наложена и конфискација на партискиот имот. Таа пресуда апелација ја укина по измените на кривичниот законик, по што судењето почна одново.

За Кирил Божиновски во меѓувреме делото застаре.

Слични новости

Се шири епидемијата на грип во Македонија

Се шири епидемијата на грип во Македонија

Институто за јавно здравје соопшти дека за една недела бројот на пријавени случаи со грип е речиси двојно зголемен и предупреди дека Македонија сè уште не го достигнала пикот за сезонска активност на грипот.

Филипче: Министерката Кочоска лаже дека незнаела ништо за влезот на Алтa банка. Доказ е записникот од седница на владата за влезот на банката

Филипче: Министерката Кочоска лаже дека незнаела ништо за влезот на Алтa банка. Доказ е записникот од седница на владата за влезот на банката

Не само што била информирана, туку Владата на Мицкоски токму на предлог на Кочовска носела Заклучоци директно поврзани со понудата за преземање акции од страна на Алта Банка АД Белград.