Утрово на тераса од трговскиот центар „Мавровка“ во Скопје е пронајдено телото на оперативниот директор на телевизијата Алсат, Лирим Хајредини. Местото каде што е пронајдено телото се обезбедува од полицијата, а сè уште е во тек увидот под раководство на јавен обвинител.
Телото на Хајредини ќе биде предадено на обдукција, по што треба да се утврдат причината и околностите за смртта. Според првичните инфомации, Хајредини починал по пад од погорните катови на ламелата во која се наоѓаат просториите на ТВ Алсат.
Хајредини долги години беше оперативен директор на Алсат. Пред ангажманот во телевизијата, Хајредини работел и во Македонскиот центар за меѓународна соработка.
Слични новости
Жителите на четири струмички села се без вода за пиење – има индикатори за фекално загадување
Жителите на Рич, Попчево, Белотино и Вељуса не смеат да ја користат водата од локалните водоснабдителни објекти за пиење, поради утврдена микробиолошка неисправност.
Во понеделник нова вонредна дератизација во Центар
Општина Центар во понеделник повторно ќе спроведе вонредна дератизација на повеќе локации во општината, откако зголемено присуство на глодари било забележано и покрај тоа што претходната акција била спроведена пред само еден месец.
Филипче: Граѓаните на референдум да одлучат дали сакаат рудници во близина на своите домови
Филипче рече дека граѓаните мора да имаат право директно да одлучат дали во нивната непосредна околина ќе има рудници, особено во услови кога веќе постојат сериозни проблеми со квалитетот и безбедноста на водата


