Бродскиот сообраќај низ стратегиски клучниот Ормутски теснец е драстично намален како последица на преговорите меѓу Иран и Оман. Според податоците кои ги објави Ројтерс низ Ормутскиот теснец од понеделникот до четвртокот минале само 33 бродови, додека пред започнувањето на војната меѓу САД и Иран во февруари, низ Ормутскиот теснец минуваа 130-140 бродови дневно.
Податоците на компанијата „Кплер“ покажуваат дека оваа недела од Ормутскиот регион излегоа само шест танкери за сирова нафта, додека во теснецот доплови 21 брод, главно користејќи ја иранската рута.
Предложениот договор меѓу Иран и Оман со кој Техеран би ја добил контролата врз бродовите кои влегуваат во Персискиот залив низ Ормутскиот теснец е тешко спроведлив поради американските санкции и ограничувањата во врска со осигурувањата.
Слични новости
Нафтата Брент близу 104 долари за барел, европскиот гас на околу 77 евра за мегават-час
Цената на нафтата Брент на светските берзи денеска достигнува околу 104 долари за барел, додека американската лесна нафта ВТИ се продава по цена од 101 долар за барел.
Дизелот во Франција никогаш поскап, литарот достигна до 2,7 евра за литар
Просечната цена на дизелот во Франција денеска достигна рекордни 2,4 евра за литар, надминувајќи го претходниот рекорд од 2,38 ерва за литар забележан во април годинава, покажуваат податоците на француската влада.
ЕУ разгледува оданочување на екстрапрофитите поради скокот на цените на гасот и нафтата
Министрите за финансии на ЕУ ја разгледуваат можноста за воведување данок на екстрапрофит на енергетските компании во целата ЕУ поради скокот на цените на гасот и нафтата.


