Американскиот претседател Доналд Трамп мора да бира меѓу продолжување на војната со Иран или прифаќање на договор кој во голема мерка би бил постигнат под условите на Техеран, пишува „Фајненшал тајмс“, повикувајќи се на извори во администрацијата во Вашингтон.

Според наводите на углкедниот британски весник, американските воени цели во меѓувреме се сведени на барањето Ормутскиот теснец да остане отворен за меѓународна пловидба.

Меѓутоа, секој можен договор веројатно на Иран би му ја оставил контролата врз тој стратешки пловен пат, а дури не се исклучува ни можноста за наплаќање надомест за премин на бродовите.

Таквиот исход, како што оценува „Фајненшал тајмс“ во Вашингтон би можел да биде доживеан како стратегиско понижување, бидејќи Техеран и покрај американскиот воен и политички притисок би го задржал пресудното влијание врз една од најважните светски рути за транспорт на нафта.

Поранешниот американски преговарач за Блискиот исток Арон Дејвид Милер оцени дека во овој момент не постои решение кое би и овозможило на администрацијата на Трамп да го претстави како победа.

Слични новости

Бесент: САД влегуваат во завршна фаза во војната со Иран

Бесент: САД влегуваат во завршна фаза во војната со Иран

Соединетите Американски Држави влегуваат во завршната фаза од војната со Иран, изјави министерот за финансии Скот Бесент додека се подготвува да ги објави, како што ги нарече, најстрогите санкции во историјата против Техеран.

Урсула фон дер Лајен: На Украина денеска и се одобрени 6,1 милијарди евра за одбрана

Урсула фон дер Лајен: На Украина денеска и се одобрени 6,1 милијарди евра за одбрана

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер лајен денеска објави дека ЕУ на денот на независноста на Украина одобрила 6,1 милијарди евра за системите за противвоздушна одбрана и дека со тоа и ја покажува на Украина својата непоколеблива поддршка.