Белгород и Ростов синоќа беа нападнати од украински дронови при што загинаа две лица, а најмалку 17 се повредени, соопштија локалните власти.
Оперативниот штаб на Белгородската област објави дека во нападот врз градот Белгород се повредени 12 лица. Запалена е една станбена зграда и 15 паркирани автомобили, а оштетени се и повеќе станбени објекти.
Градот Белгород е оддалечен околу 27 километри од украинската граница.
Подоцна во текот на ноќта експлозии одекнале и во Ростов на Дон, на југот на Русија. Градоначалникот Александар Скриабин потврди дека градот бил цел на украински напад, при што е оштетена станбена зграда.
Гувернерот на Ростовската област, Јуриј Сљусар, соопшти дека во нападот загинал брачен пар, додека уште пет лица се повредени.
Според локалните власти, во нападот избувнале пожари во складишта и неколку куќи, а искршени се прозорци на повеќе станбени згради и на објект со социјална намена.
Експлозии се пријавени и во крајбрежниот град Таганрог на брегот на Азовското Море.
Слични новости
Поранешниот шеф на Гугл побара да се исклучи вештачката интелигенција
Поранешниот извршен директор на Гугл Ерик Шмит предупреди дека системите на вештачката интелигенција во наредните пет години би можеле да станат толку напредни што луѓето веќе нема да може да разберат што прават.
Иран се заканува со промена на „географија на војната“ во случај на нов напад
Секој нов напад врз Иран ќе доведе до значајни промени во географијата на војната и користеното оружје соопшти Исламската револуционерна гарда.
Обединета Русија на Путин победи на парламентарните избори
Партијата Обединета Русија, ја обезбеди победата на строго контролираните парламентарни избори во Русија, освојувајќи 49,4 отсто од гласовите според прелиминарните резултати објавени од руските медиуми.


