Капитенот на фудбалската репрезентација на Шпанија Родри е добитник на наградата „Златна топка“ за најдобар фудбалер на Мундијалот. Играчот за врска на Шпанија изигра особено квалитетно во полуфиналето и финалето против Франција и Аргентина, кога средниот ред на Шпанците убедливо ги надигра противниците.

За најдобар голман е прогласен шпанскиот голман Унаи Симон, кој не прими само еден гол за време на целото Светско првенство од Белгија. Наградата за најдобар млад фудбалер на првенството му припадна на шпанскиот стопер Пау Кубарси.

Најдобар стрелец на Мундијалот е Французинот Килијан Мбпапе кој постигна 10 голови. Воедно Мбапе стана и најдобар стрелец на светските првенства со 22 гола од 3 светски првенства, еден повеќе од Лео Меси кој има постигнатп 21 гол но на шест првенства.

 

Слични новости

ФИФА го избра идеалниот тим на Мундијалот

ФИФА го избра идеалниот тим на Мундијалот

Меѓународната фудбалска федерација ФИФА го соопшти иделаниот тим на Мундијалот во кој Шпанија има најмногу фудбалери тројца, а по два фудбалери имаат Франција и Аргентина.

Патсон Дака нов играч на Хамбург

Патсон Дака нов играч на Хамбург

Досегашниот фудбалер на Лестер Патсон Дака од денеска е нов фудбалер на германскиот бундеслигашки клуб Хамург, соопшти германскиот клуб. Замбиецот Дака кој има 27 години, претходните пет сеозни играше за британскиот клуб Лестер.