Собранието,  на предлог на премиерот Христијан Мицкоски, денеска ги разреши министрите за правда Игор Филков, за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски, за односи меѓу заедниците Игор Стоиљковиќ, за здравство Азир Алиу, за социјална политика, демографија и млади, Фатмир Лимани, за локална самоуправа Златко Перински, за култура, Зоран Љутков, како и Шабан Салиу од функцијата министер без ресор.

 Разрешени се и замениците министри за социјална политика, демографија и млади Ѓоко Велковски и за култура и туризам Седат Сулејмани.

„Од првиот ден, кога ја презедовме одговорноста, кажав дека оваа Влада нема да биде Влада на комфор, туку Влада на резултати. Нема да биде Влада во која функциите ќе се сметаат за стекнато право, туку за обврска што секој ден повторно мора да се заслужува“, изјави пред пратениците премиерот Христијан Мицкоски.

 

 

Слични новости

Министерот за здравство Клековски побара да нема „слободни јавачи на епидемијата“

Министерот за здравство Клековски побара да нема „слободни јавачи на епидемијата“

Министерот за здравство, Сашо Клековски ги нарече „слободни јавачи на епидемијата“ оние доктори кои објавуваат стручни мислења и совети за евентуални последици од консумирање на загадена вода преку социјалните мрежи.

Општините со милијарди денари ненаплатени даноци и такси

Општините со милијарди денари ненаплатени даноци и такси

ДЗР утврди дека единиците на локалната самоуправа не ги користат целосно своите фискални капацитети, што резултирало со речиси три милијарди денари ненаплатени побарувања од даноци, такси и надоместоци во периодот од 2020 до 2024 година.