Светското првенство во фудбал дојде до самиот крај и останаа четири репрезентации кои ќе се борат за титулата. Полуфиналните парови Франција-Шпанија и Англија-Аргентина се најсилни во историјата, а ова е за прв пат во полуфиналето да играат и првите четири тима на ранг листата на ФИФА.

Исто така сите четири селекции кои останаа во завршницата се поранешни Светски прваци.

Во полуфиналето се и најголемите ѕвезди на светскиот фудбал. Џуд Белингам и Хари Кејн ги предводат Англичаните, Лео Меси го игра својот последен Мундијал, Шпанија со тинејџерската сензација Ламин Јамал и никогаш посилните Французи со Килијан Мбапе, Мајкл Олисе и Усман Дембеле.  

Полуфиналните натпревари се играат во вторник и среда.

Слични новости

ФИФА го избра идеалниот тим на Мундијалот

ФИФА го избра идеалниот тим на Мундијалот

Меѓународната фудбалска федерација ФИФА го соопшти иделаниот тим на Мундијалот во кој Шпанија има најмногу фудбалери тројца, а по два фудбалери имаат Франција и Аргентина.

Патсон Дака нов играч на Хамбург

Патсон Дака нов играч на Хамбург

Досегашниот фудбалер на Лестер Патсон Дака од денеска е нов фудбалер на германскиот бундеслигашки клуб Хамург, соопшти германскиот клуб. Замбиецот Дака кој има 27 години, претходните пет сеозни играше за британскиот клуб Лестер.