Американската војска повторно нападна цели во Иран. Ова е третата рунда воздушни напади во последните денови, а привремениот договор за завршување на војната со Иран изгледа дека пропадна.
Иран претходно нападна комерцијален брод во Ормутскиот теснец. САД веднаш започнаа со контра воздушни напади, а потоа таргетираа дополнителни нови 140 локации во Иран.
Ова досега претставува најголем број напади што се случиле по договорот за примирје во јуни.
Иранската војска денес возврати со контра напад насочен кон Катар, Бахреин и Обединетите Арапски Емирати. Она што е познато е дека сирените за ракетно предупредување се вклучија во сите три земји.
Ескалацијата се случува откако вчера двете земји требаше да седнат на иста преговарачка маса и да се стави крај на војната во Иран.
Иако претходно беше најавено дека Иран и САД ќе се договорат за контролата на бродовите кои минуваат низ Ормутскиот теснец, Иран инсистира дека тие мора да ја имаат единствена контрола врз теснецот, и дека треба да добива пари за бродовите кои минуваат низ него.
Слични новости
Напредуваат преговорите меѓу Иран и Оман за деблокада на Ормутскиот теснец
Во меѓувреме, американскиот претседател Доналд Трамп и нареди на американската војска да ги запре нападите врз Иран за да се овозможи дипломатско решение на судирот. Откако 13 денови по ред Трамп ги одобруваше нападите на американската војска, од петокот Трамп не ја одобрува нивната примена и нареди војската да се воздржи од нови напади.
Бројот на заразени со ебола во Конго надмина 3.000 луѓе, досега се починати 1.354 лица
Здравствените власти на Конго соопштија дека до сега биле забележани 3.075 потврдени случаи на заразата, вклучувајќи 1,354 смртни случаи и 556 излекувани, додека 755 пациенти и натаму се во болница и изолација.
Повеќе од 60 полицајци повредени во напад на противниците на брзата пруга Торино-Лион
Најголемите судири се случија на градилиштето на пругата во Кјомонте. Таму биле извршени повеќе едновремени напади, поради што италијанските медиуми оценуваат дека станува збор за однапред подготвена и координирана акција. По повеќе обиди маскираната група го пробила полицискиот кордон и упадна во просторот пред железничкио тунел.


