Ајкула долга околу 4 метри и тешка 400 килограми е пронајдена мртва на плажата Фолоника кај Тоскана, соопштија денеска италијанските медиуми.

Станува збор за ајкула со шест шкрги, кога била пронајдена таа била веќе мртва, а причините сеуште се утврдуваат.

Ајкулата со шест шкрги ретко се гледа во Средоземното море, а научниците истакнуваат дека ова е важна прилика за истражување на нејзината биологија и причината за присуство на големи предатори во регионот.  

Слични новости

„Одисеја“ на Кристофер Нолан ја надмина бројката од 300 милиони заработка за само 5 дена прикажување

„Одисеја“ на Кристофер Нолан ја надмина бројката од 300 милиони заработка за само 5 дена прикажување

Акцискиот спектакл на Кристофер Нолан „Одисеја“ сниман со 70 милиметарски камери кој се прикажува и во Ајмакс кината ширум светот, продолжува да соборува рекорди. Филмот за пет дена прикажување веќе има заработка од 304 милиони долари, а 22 милиони долари заработи само во вторникот во САД.

Франција воведува целосна забрана за користење социјални мрежи за деца под 15 години

Франција воведува целосна забрана за користење социјални мрежи за деца под 15 години

Забранет пристап до социјалните мрежи за деца до 15 години воведува Франција од јануари откако го донесе законот. Со тоа Франција станува првата европска земја што воведува целосна забрана за користење на тие платформи за деца, а сите корисници ќе мора да ја потврдат својата возраст.