Расте билансот на жртви во разорните земјотреси што ја погодија Венецуела. Според привремената претрседателка на земјата, Делси Родригез во ажурираниот извештај се евидентирани најмалку 164 загинати луѓе и, речиси, 1.000 повредени.
Таа додаде дека ќе се формира фонд со почетни 200 милиони долари, со користење на средства од Меѓународниот монетарен фонд за обнова на уништените станбени објекти, болници и инфраструктура.
Американската геодетска агенција потврди дека земјотресот со сила од 7,5 степени според Рихтеровата скала кој ја погоди Венецуела во средата е најсилниот земјотрес во Венецуела од 1900-тата година. Потоа следуваа 10 помали земјотреси, од кои 5 со магнитуда посилна од 7 степени.
Слични новости
САД ја поддржувале Украина со разузнавачки податоци за удари врз Русија
Според пишувањето на „Фајненшал тајмс“ САД веројатно споделувале разузнавачки податоци со Украина и со тоа непосредно помогнале во нападите на Киев врз руски региони, вклучувајќи ја и Москва.
Цената на сировата нафта падна под 70 долари за барел
Цените на нафтата и денеска паѓаат, а цената на сировата нафта после долго време падна под 70 долари за барел. Денеска на берзите сировата нафта се продаваше за 69,4 долари за барел, а нафтата „Брент“ се продаваше за 72,6 долари за барел.
Рубио: Спогодбата со Иран нема да ги загрози нашите сојузници во заливот
Американскиот државен секретар Марко Рубио им порача на американските сојузници во Персискиот залив дека нивните безбедносни и економски интереси ќе бидат земени в предвид во секоја идна спогодба со Иран


