По објавување на ревизорскиот извештај за Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Македонија директорот на фондот Никола Мемов соопшти дека извештајот за работењето на институцијата во 2024 година се однесува на период во кој најголемиот дел од годината Фондот бил управуван од претходното раководство.
Мемов порача дека најважно е што во ниту еден момент не е доведено во прашање здравственото осигурување на пензионерите. Сите пензионери непречено и континуирано ги остваруваат своите права од здравственото осигурување и редовно ги добиваат здравствените услуги под исти услови како и досега.
Тој ги повика пензионерите да бидат уверени во редовната исплата на пензиите кои се врвен приоритет на раководството на ПИОМ и на владата.
Слични новости
Мицкоски до Филипче: Виновен сум што не сте во затвор, туку уживате на јахти
„Виновен сум што не сте во затвор, туку уште уживате на јахтите во Палури“, му порача Мицкоски на Филипче, додавајќи дека граѓаните очекуваат правда и одговорност.
Финансов директор на Тутунскиот комбинат во Прилеп за фиктивни услуги исплатил повеќе од 23 000 евра
ОВР Прилеп поднесе кривична пријава против Г.К. (46) и Л.К. (54), двајцата од Прилеп за „злоупотреба на службената положба и овластувања“, „фалсификување службена исправа“ и „фалсификување или уништување деловни книги“.
Реконструкцијата на Владата во завршна фаза – викендот се очекува нов круг разговори
Разговорите меѓу ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ за владината реконструкција продолжуваат, откако и по последната средба не е постигнат конечен договор за сите кадровски решенија.


