Англија одигра нерешено 0:0 против селекцијата на Гана во второто коло од групата Л на Светското првенство во фудбал, иако имаше огромен посед на топката и создаде неколку изгледни прилики за гол.
„Тоа беше еден од оние натпревари кога игравме најдобро во последните две минути од двете полувремиња, кога тие почнуваа да чувствуваат замор од бранењето. Можевме да победиме, О ‘ Рајли ја погоди пречката, а и јас имав голема шанса, но секој шут не завршува во голот“ изјави по натпреварот капитенот на англиската репрезентација Хари Кејн.
Англија сепак е во поволна позиција и прва на табелата по две кола со 4 бодови, а во последното колко игра против Панама.
Слични новости
Барбарез го слави најголемиот успех на Б и Х во фудбалот: Сакавме да испишеме историја
Откако селекцијата на Босна и Херцеговина тим синоќа победи против Катар со 3:1 и обезбеди учество во 16-ина финалето, селекторот на фудбалската репрезентација на Босна и Херцеговина Сергеј Барбарез изјави дека сакале да испишат историја, но оти и тие самите не верувале дека ќе стигнат толку далеку.
Тешка победа на Хрватска против Панама
Хрватска во Торонто ја победи Панама со 1:0 во второто коло од групата Л и со три бода оста во играта за пласман во нокаут фазата. Панама е веќе елиминирана, а Англија и Гана имаат по 4 бодови.
Кристијано Роналдо стрелец и на својот шести шампионат во убедливата победа на Португалија
Фудбалерите на Португалија убедливо ја совладаа селекцијата на Узбекистан со 5:0, а натпреварот беше решен уште во првото полувреме, кога Португалците поведоа со 3:0 со два гола на Роналдо и еден на Мендес.


