Државниот завод за ревизија во анализата за 2024 година утврди дека наплатените придонеси за пензиско и инвалидско осигурување не се доволни за покривање на расходите за пензии, поради што значителен дел од средствата се обезбедува преку трансфери од Буџетот на државата, кои учествуваат со 36,71% во вкупните приходи на Фондот.

Ревизијата утврди дека Фондот не врши навремена уплата на придонесите и за здравствено осигурување на пензионерите кон Фондот за здравствено осигурување на Република Северна Македонија, иако има законска обврска за тоа. Во 2024 и 2025 година исплатите се вршени со задоцнување од неколку месеци, при што до 28.02.2026 година придонесите се исплатуваат со доцнење од осум месеци.

Вкупната неисплатена обврска за периодот од јуни 2025 до јануари 2026 година изнесува 8.415.865 илјади денари односно 136.400.000 евра.

 

Слични новости

Најавен нов топлотен бран во Европа со температури над 45 степени

Најавен нов топлотен бран во Европа со температури над 45 степени

Метеоролозите предупредуваат дека над голем дел од Европа ќе се формира таканаречена „топлотна купола“, атмосферски феномен што го задржува жешкиот воздух над истото подрачје со денови, што дополнително ги зголемува температурите.