Потпретседателката и пратеничка на СДСМ, Јована Тренчевска, на денешната прес-конференција упати сериозни критики до власта, нагласувајќи дека по две години од Владата на ВМРО, животниот стандард на граѓаните е намален, а народот живее потешко, поскапо и понеизвесно.

Според опозицијата, ветувањата на владејачката партија за повисоки плати и достоинствен живот на социјално ранливите категории останале неисполнети, додека во изминатиот период забрзано се зголемуваат единствено цените, трошоците за живот и сиромаштијата.

Од СДСМ посочуваат дека најавената инфлација од 2,5% денес изнесува 4,8%, што е речиси двојно повеќе од ветеното, а за покривање на основните трошоци на едно четиричлено семејство сега му се потребни речиси 70.000 денари месечно.

 

Слични новости

Најавен нов топлотен бран во Европа со температури над 45 степени

Најавен нов топлотен бран во Европа со температури над 45 степени

Метеоролозите предупредуваат дека над голем дел од Европа ќе се формира таканаречена „топлотна купола“, атмосферски феномен што го задржува жешкиот воздух над истото подрачје со денови, што дополнително ги зголемува температурите.