Израелскиот министер за национална безбедност Итамар Бен Гвир денеска изјави дека спогодбата на американскиот претседател Доналд Трамп со Иран не го обврзува Израел, бидејќи, како што рече, Израел не е потчинет на САД.
„Ние сме независна и суверена земја“ наведе бен Гвир и рече дека Израел не е потписник на документот меѓу САД и Иран, како и дека тој документ не ја штити израелската безбедност.
„Не смееме да се повлечеме од ниту една територија во Либан што ја освоија нашите борци“ рече Бен Гвир. Од друа страна пакистанскиот премиер Шариф изјави дека Вашингтон и Техеран прогласија траен прекин на воените непријателства, вклучувајќи го и Либан.
Слични новости
ЕУ усвои нов пакет на санкции против Русија
Земјите на Европската унија постигнаа договор за сеопфатен пакет на санкции против Русија, соопштија дипломатски извори во ЕУ. Станува збор за 21-ви пакет санкции што ЕУ го усовојува против Русија од почетокот на војната со Украина.
Европската комисија го казни Гугл со 890 милиони евра
Европската комисија денеска и изрече две кази на американската технолошка компанија „Гугл“ во вкупен износ од 890 милиони евра поради кршење на Законот за дигитални пазари, откако утврди дека американскиот технолошки гигант ја злоупотребил својата доминантна позиција на сопствениот интернет пребарувач.
САД издвојуваат рекордни 1,15 трилиони долари за одбрана
Претставничкиот дом на САД го усвои Законот за овластување на трошоците за националната одбрана, со кој се одобруваат рекордни 1,15 трилиони долари за одбраната, во согласност со барањето на претседателот Доналд Трамп.
Предлог-законот беше усвоен со 216 гласа „за“ и 212 „против“, што претставува значително потесна поддршка од вообичаената


