Демо роботски хируршки систем EdGe Medical на кој успешно е изведена првата робот-асистирана уролошка операција во Македонија, а според достапните информации и прва од ваков тип во поширокиот регион беше поставена во Клиничкиот Центар „Мајка Тереза“при Медицинскиот факултет.

Станува збор за уролошка операција кај пациент со карцином на простата, изведена со примена на најсовремена роботска технологија и минимално инвазивен хируршки пристап.

Овој пристап овозможува поголема прецизност при интервенцијата, помала траума за пациентот, намалена постоперативна болка и побрзо закрепнување. Според достапните сознанија, ова е и прва примена на Single Site метода од ваков тип во Европа.

Овој роботски систем покрај во урологијата ќе има можност да се користи и во гинекологијата и во други хируршки домени во рамките на државното здравство.

 

Слични новости

Од електрична инсталација изби пожар пред зграда во Кисела Вода, станарите во паника брзаа да излезат

Од електрична инсталација изби пожар пред зграда во Кисела Вода, станарите во паника брзаа да излезат

Утринава околу 5 часот во нова станбена зграда во скопската населба Кисела Вода изби пожар пред влезот на објектот. МВР информира дека настанал пожар во орман на ЕВН при што изгореле кабли.