Фудбалерите на Аргентина го победија Исланд со 3:0 во последната подготвителна средба пред почетокот на Светското првенство во фудбал.
За актуелните светски прваци последните 20 минути од натпреварот ги одигра и Лионел Меси и покажа дека е подготвен за Мундијалот.
Меси постигна гол во 72-та минута од пенал, а за Аргентина погодија и Барко во осмата и Тијаго Алмада во 87-та минута од натпреварот.
Аргентина на Мундијалот ќе игра во групата Ј против Алжир, Австрија и Јордан.
Слични новости
Бернардо Силва потпиша за Реал Мадрид по преговори со Барцелона и Атлетико
Еден од најзвучните трансфери ова лето е преминот на Бернардо Силва во Реал Мадрид. Тој е третото звучно засилување на Реал по Ибрахим Конате од Ливерпул и Дензел Дамфрис од Интер.
Соборен неславен рекорд на отварањето на Мундијалот со три црвени картони
Досега во историјата на ниту еден натпревар што го отворил Светското првенство во фудбал немало три црвени картони, како што се случи на мечот на отварањето на Мундијалот меѓу домаќинот Мексико и Јужна Африка.
СП во фудбал: Јужна Кореја ја победи Чешка со 2:1 по пресврт
Фудбалската репрезентација на Јужна Кореја ја победи Чешка со 2:1 во вториот натпревар од групата А на Светското првентсво во фудбал. Чешка поведе во 59 минута со голот на Ладислав Крејчи, но осум минути подоцна Хванг Ин Бом израмни на 1:1.


