Реал Мадрид денеска соопшти дека неговиот градски ривал Атлетико ја одби понудата од 150 милиони евра за аргентинскиот напаѓач Хулијан Алварез. Реал ја испратил понудата до Атлетико, по состанок на управниот одбор која била одбиена, а Атлетикот се повикал на откупната клаузула за Алварез.

Шпанскиот спортски весник Марка потстетува дека Алварез има откуна клаузула од 500 милиони евра во договорот кој истекува во 2030. Алварез кој има 26 години дојде во Атлетико од Манчестер сити во 2024 за 75 милиони евра.

Аргентинскиот напаѓач сезонава на 49 натпревари за Атлетико постигна 20 голови и 9 асистенции.

Слични новости

Соборен неславен рекорд на отварањето на Мундијалот со три црвени картони

Соборен неславен рекорд на отварањето на Мундијалот со три црвени картони

Досега во историјата на ниту еден натпревар што го отворил Светското првенство во фудбал немало три црвени картони, како што се случи на мечот на отварањето на Мундијалот меѓу домаќинот Мексико и Јужна Африка.

СП во фудбал: Јужна Кореја ја победи Чешка со 2:1 по пресврт

СП во фудбал: Јужна Кореја ја победи Чешка со 2:1 по пресврт

Фудбалската репрезентација на Јужна Кореја ја победи Чешка со 2:1 во вториот натпревар од групата А на Светското првентсво во фудбал. Чешка поведе во 59 минута со голот на Ладислав Крејчи, но осум минути подоцна Хванг Ин Бом израмни на 1:1.