За првпат од осамостојувањето Македонија е избрана за членка на Економскиот и социјален совет на Обединетите нации за мандатниот период 2027–2029 година. Земјата доби поддршка од 174 држави членки на гласањето во Њујорк, што властите го оценуваат како голем успех за македонската дипломатија.
Премиерот Христијан Мицкоски оцени дека изборот претставува потврда за активната и планска надворешна политика, како и за зголемената улога на државата во меѓународните организации. Тој посочи дека ова е продолжение на позитивниот тренд по членството во други тела на Обединетите нации.
Според Министерството за надворешни работи, членството во советот ќе овозможи поголемо учество на земјата во глобалните дебати за економски и социјален развој, човекови права и одржлив развој, како и дополнително зајакнување на нејзиниот меѓународен кредибилитет.
Слични новости
Македонското знаме во кабинетот на Али Ахмети по цели 24 години
Али Ахмети изјави дека истакнувањето на државното знаме никогаш не му претставувало проблем и порача дека отсекогаш се залагал за унитарна држава.
Министерот за здравство Клековски побара да нема „слободни јавачи на епидемијата“
Министерот за здравство, Сашо Клековски ги нарече „слободни јавачи на епидемијата“ оние доктори кои објавуваат стручни мислења и совети за евентуални последици од консумирање на загадена вода преку социјалните мрежи.
Општините со милијарди денари ненаплатени даноци и такси
ДЗР утврди дека единиците на локалната самоуправа не ги користат целосно своите фискални капацитети, што резултирало со речиси три милијарди денари ненаплатени побарувања од даноци, такси и надоместоци во периодот од 2020 до 2024 година.


