Гувернерот на Народната банка на Македонија Трајко Славески побара законски измени со кои на Народната банка би и се овозможиле механизми за поголема заштита на корисниците на платните услуги и за ограничување на одредени банкарски надоместоци, според примерот на повеќе европски земји.
„Народната банка во моментов нема законска надлежност директно да ги регулира надоместоците што ги наплаќаат банките. Сепак, актуелните случувања покажуваат дека е потребно да се разгледаат можностите за дополнување на законската рамка по примерот на повеќе европски земји во кои постојат механизми за заштита на корисниците и обезбедување фер и предвидливи услови за користење на платежните услуги“ објави Славески на социјалните мрежи.
Повикот на Славески доаѓа откога четири банки во земјата во изминатите денови најавија зголемување на надоместоците за услугите во платниот промет, што предизвика реакции во јавноста и отвори прашања за потребата од дополнителна заштита на корисниците на овие услуги.
Слични новости
ВМРО ДПМНЕ : Времето на еднострани отстапки заврши, потребен е реципроцитет во односите со Бугарија
„Потребен е дијалог, а Бугарија да ги исполни своите обврски, вклучително и почитувањето на пресудите од Европскиот суд за човекови права“, соопшти ВМРО ДПМНЕ.
СДСМ: Апсењето на Богоев е дефокус на власта по пораките на Кошта за Македонија
На денот кога претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта пристигна во Македонија, кој го потврди она што го говори СДСМ и порача дека без внесување на малцинствата во Уставот нема поместување од мртва точка, токму тогаш предмет за Стефан Богоев, обвини СДСМ.
ССМ: Македонија меѓу најлошите држави во светот за работниците
Сојузот на синдикати на Македонија објави дека Меѓународната конфедерација на синдикати во извештајот за 2026 година констатира дека во Македонија се влошени работничките права.


