Поради сомнение за криумчарење мигранти, двајца државјани на Косово се лишени од слобода. Полицијата во текот на вчерашниот ден во близина на наплатната станица кај Демир Капија открила седум мигранти од Египет во возило со косовски регистарски таблички.
Како што соопштија од Министерството за внатрешни работи вчера во 06:30 часот, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Михајлово ги приведоа А. Г. (42) и Г. Г. (39), двајцата од Косово.
При контрола на автопатот Гевгелија – Неготино се запрени возило ‘фолксваген транспортер‘, управувано од А.Г., и ‘шкода октавија‘, управувана од Г.Г. Во комбето се пронајдени седум мигранти од Египет, а полициската истрага утврди дека возилото ‘шкода‘ служело како претходница“, велат од МВР.
Против двајцата косовски државјани е поднесена кривична пријава и им е определен 30-дневен притвор.
Слични новости
Илјадници македонски државјани минале низ „Табановце“ и „Богородица“ за продолжениот викенд
Повеќе од 10.000 македонски државјани ја напуштиле земјава во изминатите 24 часа само преку граничните премини „Богородица“ и „Табановце“. Продолжениот викенд голем број Македонци го искористиле за патување.
Македонија пречистила само 20,6 отсто од отпадните води
Македонија во 2025 година испуштила 3.046 милиони кубни метри отпадни води, но пречистила само 629 милиони кубни метри. Тоа значи дека од вкупно испуштените води, само 20,6 отсто поминале низ процес на пречистување.
Бугарската министерка за надворешни работи Петрова порача Скопје да бара решение, а не конфликт
Министерката за надворешни работи Велислава Петрова испрати порака до Македонија дека Бугарија нема да се повлече од она што беше договорено во 2022 година, а патот на Скопје кон Европската Унија оди преку спроведување на преземените обврски.


