Цената на нафтата Брент денеска поскапе за два насто, откако воените удари на САД на југот од Иран ги загрижија инвеститорите кои се надеваат на мировна спогодба меѓу Вашингтон и Техеран.
Според податоците од отварањето на берзите, цената на нафтата Брент порасна за речиси два насто и изнесува 99 долари за барел, а цената на сировата американска нафта ВТИ порасна за 1,52 насто на 92,5 долари за барел.
Како последица на новите американски напади, денеска европските берзи се главно во пад.
Американската војска соопшти дека изврши напади на југот од Иран чии цели беа бродови кои се обидувале да постават мини во Ормутскиот теснец, како и локации за лансирање ракети, објави американската телевизија ЦНБЦ.
Слични новости
Акциите на компанијата Дел скокнаа за 30 насто во еден ден поради побарувачката за сервери за вештачка интелигенција
Американската компанија оствари приход само од серверите за вештачка интелигенција од 16,1 милијарда долари. Со тоа за прв пат серверите за вештачка интелигенција го надминаа приходот од серверите за персонални компјутери кои изнесуваат 14,6 милијарди долари, пренесе Ројтерс.
Цените на нафтата паднаа за два насто по можното продолжување на примирјето меѓу САД и Иран
Цените на нафтата паднаа за околу два насто и ги достигнаа најниските нивоа во последните шест недели, по вестите за можно продолжување на примирјето меѓу САД и Иран.
Њујорк тајмс: Трамп го заврши состанокот за спогодбата со Иран без да биде донесена одлука
Состанокот на американскиот претседател Доналд Трамп со советниците за национална безбедност за спогодбата со Иран е завршен по два часа, без да биде донесена одлука, изјави висок претставник на американската администрација за „Њујорк тајмс“.


